More

    Украина се соочува со епидемии на ХИВ, ковид, туберкулоза, полио…

    spot_img

    Меѓународниот комитет за спасување денеска предупреди дека цивилите во Украина се соочуваат со катастрофална здравствена криза, додека нападите на здравствената инфраструктура го ограничуваат пристапот до услуги и материјали за спасување живот, јави Си-Ен-Ен.

    Беше соопштено и дека се евидентирани 64 напади врз здравствени установи, транспорт и персонал, за време на четирите недели од инвазијата.

    Во тој период, Меѓународниот комитет за спасување тврди дека над 4.300 бебиња се родени во Украина, 80.000 се очекуваат во наредните три месеци. Но, додека украинскиот здравствен систем продолжува да пропаѓа, ризикот за новите мајки и бебиња се зголемува.

    Се посочува и дека постојат ризици, луѓето сместени во преполни прифатни центри и бункери, да се заразат со ковид-19, а Украина доживеала и епидемија на полио (детска парализа), но, поради конфликтот, нарушена е вакцинацијата.

    Според Меѓународниот комитет за спасување, Украина се бори и со високи стапки на ХИВ/СИДАи на туберкулоза.

    Меѓународниот комитет за спасување повика глобалните лидери да дадат приоритет на поддршката за најранливите, вклучувајќи ги жените, децата и постарите лица.

    Властите на Мариупол денеска соопштија дека околу 300 цивили кои се криеле во подрумот загинале во бомбардирањето на театарот во овој украински град. Бројот е собран врз основа на сведочења на очевидци. Нема податоци дали итните служби ја завршиле евакуацијата и на кој начин врз основа на сведоштва се добиени податоци за 300 жртви.

    Во моментот на бомбардирањето на 16 март, пред театарот со големи букви пишуваше „деца“, со цел од воздух да се види дека е засолниште.

    Украинската омбудсманка Људмила Денисова изјави дека во тој момент во театарот имало околу 1.300 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img