More

    Украина нуди милион долари за заробен руски авион

    spot_img

    Украинската државна корпорација за производство на оружје „Укроборонпром“ нуди награда од милион долари на секој што ќе зароби борбено подготвен руски воен авион. Според нив, „понудата е отворена за руските пилоти кои сакаат да ја сменат страната“.

    Корпорацијата „Укроборонпром“ понуди награда од 500.000 долари на социјалните мрежи за секој што ќе зароби руски воен хеликоптер во оперативна состојба.

    „На пилотите на Руската Федерација, подготвени да учествуваат во програмата, им се гарантира дека ќе добијат државјанство на слободна земја“, се вели во соопштението.

    Во меѓувреме рано утринава повторно се слушнале експлозии во Киев и околината, јави Би-Би-Си.

    Британскиот јавен сервис, повикувајќи се на извештаи од новинари од теренот, наведува дека одекнале серија експлозии.

    Сирените за воздушен напад се огласиле по шест часот по локално време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img