More

    Украина го покани Дачиќ да ја посети Буча

    spot_img

    Русија го разбира ставот на Србија и притисокот за русофобија, а Украина го повика досегашниот претседател на српското Собрание Ивица Дачиќ да ги посети Киев и Буча за да се увери во руските злосторства, јави дописникот на МИА од Белград.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека поддршката и гласањето на Унгарија и Србија за исклучувањето на Русија од Советот за човекови права на Обединетите нации е пример за принуда на русофобија.

    Песков оцени дека „тука не станува збор за разбирање и простување, туку за разбирање на тешката ситуација, тој невиден притисок и принудата на русофобија, пишува Известија.

    – Сето ова го доживуваат сите земји кои се обидуваат да заземат некаква избалансирана позиција. Ние тоа го разбираме – изјави Песков за новинарите.

    Претходно претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук испрати писмена покана до досегашниот претседател на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, да ја посети Украина.

    Во писмото објавено од Амбасадата на Украина во Белград се наведува дека руската пропаганда „со сите можни средства, вклучително и на некои европски медиуми“, се обидува да создаде мислење дека злосторствата на руската армија во Украина се лага.

    – Ве поканувам, Ваша Екселенцијо, да ја посетите Украина, гостопримливиот Киев, и ако се согласувате, ќе имате можност да ги посетите градовите Буча или Ирпин и самите да се уверите какви злодела денес се случуваат во централна Европа, што прави руската војска со луѓето, со инфраструктурата што остана по таканаречената „специјална операција“, а всушност по крвавата и подмолна војна – се наведува во писмото испратено до Дачиќ.

    Според писмото, таквиот гест би преставувал „уште една потврда за солидарност со нашата држава“.

    Претседателот на досегашното Собранието на Србија и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС) од почетокот на руската инвазија на Украина во неколку наврати изјави дека Србија не треба да се приклучува кон меѓународните санкции против Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img