More

    Укинати се 33 благороднички звања

    spot_img

    Шпанија денеска со нов Закон ги поништи аристократските титули што диктаторот Франциско Франко и неговите наследници им ги доделиле на лојалните команданти и членови на семејствата.

    Со мерката „Демократско сеќавање што стапи на сила денеска се укинати 33 благороднички титули, доделени на двајца од внуците на Франко, како и на потомците на неколку негови генерали, министри и други високи функционери.

    Франко владеел со Шпанија од 1939 до 1975 година, по воен удар и тригодишна граѓанска војна што однесе 500.0000 животи.

    Иако повеќето титули биле доделени од самиот Франко како награда за лојалност, со новиот закон се опфатени и пет личности на кои благороднички титули им доделил неговиот наследник, поранешниот крал Хуан Карлос Први и тоа во првиот месец од неговото владеење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img