More

    УЕФА делумно го затвори стадионот на Атлетико!

    spot_img

    Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Атлетико Мадрид со делумно затворање на стадионот „Ванда Метрополитано“ за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.Атлетико е казнет откако неколку навивачи на шпанскиот клуб употребија фашистички поздрави во првиот четвртфинален натпревар против Сити на „Етиад“.

    Јорганџиите се казнети и со затворање на трибината со 5.000 седишта, а на тој дел од стадионот ќе биде поставен и транспарент со порака „Не на расизмот“.

    Шпанскиот клуб соопшти дека ќе работи со полицијата за да се искорени фашистичките поздрави и слични пораки од фудбалот, најавувајќи казни за навивачите кои се виновни за казната.

    Капацитетот на стадионот Ванда Метрополитано е 68.456 гледачи.

    Реваншот меѓу Атлетико и Сити е во среда, а првиот натпревар го доби англискиот тим со 1:0.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img