More

    Уапсен познат мексикански наркобос, ФБИ го бараше за убиство на нивниот агент

    spot_img

    Мексикански нарко-бос, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, е уапсен во петокот во Мексико, соопшти Министерството за морнарица за АФП.

    Рафаел Каро Кинтеро е уапсен во северната држава Чивава, додаваат мексиканските медиуми.

    Извор од Министерството за морнарица го потврди апсењето за АФП, но одби да даде детали.

    Рафаел Каро Кинтеро (69) бил на списокот од десет бегалци барани од ФБИ за киднапирање, тортура и убиство на специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) „Кики“ Камарена во Мексико во 1985 година, според ФБИ.

    Вашингтон понуди 20 милиони долари за негово апсење.

    Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти.

    „Тој го задржа влијанието во картелот Синалоа и во организацијата за трговија со дрога Каро-Квинтер“, додаде ФБИ.

    За прв пат беше уапсен во 1985 година и осуден на 40 години затвор во Мексико.

    Поради формално правно прашање, тој беше ослободен во 2013 година. Набргу потоа, мексиканското правосудство повторно побара негово апсење.

    И САД повторно побараа негово апсење и екстрадиција за киднапирањето и убиството на Енрике „Кики“ Камарена, американски агент со мексиканско потекло, и за трговија со дрога.

    „Не го киднапирав, не го измачував, не го убив“, се бранеше во интервју за неделникот „Процесо“ во јули 2016 година, додека сè уште беше во бегство. „Моја единствена вина е што бев на местото на злосторството“, рече тој.

    Водачот на картелот Гвадалахара, Мигел Анхел Феликс Гаљардо, е во затвор од 1989 година поради убиството на Камарена. Тој негира учество во убиството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img