More

    Тур-оператори и агенции ќе формираат национално здружение

    spot_img

    Партнер на државата, стручен консултант на членките и советник на крајниот потрошувач, ова ќе биде клучната мисија на националната асоцијација на тур-оператори и туристички агенции (НАТТА) чие основање го најави денеска Стопанската комора на Северна Македонија.

    Како што соопшти потпретседателот на Здружението за угостителство и туризам при Комората, Александар Кузманоски, целта на асоцијацијата ќе биде да помогне во создавањето потребни услови за развој на модерна и конкурентна професионална туристичка индустрија.

    -Во услови на вакви предизвици, туристичките агенции кои произведуваат и продаваат аранжмани дома и во странство не препознаваат адреса за обраќање, ниту добиваат поддршка и стручно мислење за потешкотиите со кои се соочуваат поради што делуваат неорганизирано – рече Кузманоски, образложувајќи ги причините за формирањето на НАТТА.
    Тој дополни дека НАТТА, освен што ќе овозможи практична помош за членките и заштита на нивните интереси пред Владата и другите институции, постојано ќе го следи и трендот во туризмот преку соработка со меѓународната асоцијација.

    -Во Северна Македонија нема регистрирано национална асоцијација која ќе ги претставува дестинацијата и интересите на компаниите од оваа дејност. Од исти причини и граѓаните немаат доволно информации за правата и обврските при користењето туристички аранжамни, што придонесува за создавање погрешни очекувања и култура на патување – подвлече Кузманоски.

    Асоцијацијата ќе има високо професионална активна членска мрежа и ќе функционира преку повеќе одбори – за рецептивен туризам, за иницијативен туризам, за младински туризам и екскурзии, за конгресен туризам, за автобуски и за авионски сообраќај, за рент-а-кар, за меѓународна соработка, како и за соработка со институции и фондации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img