More

    Турчинот Музафер Кајасан е веројатно светски рекордер меѓу пациенти со ковид-19, позитивен е на корона веќе 14 месеци

    spot_img

    Турчинот Музафер Кајасан е веројатно светски рекордер меѓу пациенти со ковид-19. Тој е позитивен на короната веќе 14 месеци и наизменично е или во домашна изолација или во болница.

    Досега има направено 78 тестови за коронавирусот и секој пат добивал позитивни резултати, објави официјалната турска веб-страница за ковид-19.

    На Музафер Кајасан, пациент со леукемија, прв пат му беше дијагностициран ковид-19 во ноември 2020 година и тој бил примен во болница.

    По две недели бил отпуштен од болница и се врати во својот дом во областа Сариер во Истанбул, чекајќи целосно закрепнување во самоизолација.

    Но, ова беше само почеток на неговото долго заробеништво.

    Според турските мерки, самоизолацијата се прекинува по две недели доколку тестот за коронавирусот е негативен.

    Сепак, сите 78 тестови што ги направи Кајасан покажаа дека тој е сепак позитивен. Тој помина девет месеци во болница и уште пет месеци дома во самоизолација, објави локалната новинска агенција Ихлас.

    Музафер апелирал до властите да најдат решение за неговата ситуација, поради што деновите морал да ги минува сам дома, каде децата и внуците ги гледа само низ прозорецот.

    Неговите лекари велат дека неговите тестови сѐ уште се позитивни поради слабиот имунолошки систем поради леукемијата, а додале дека преживеал благодарение на лековите што му ги дале за зајакнување на имунолошкиот систем.

    – Ова е многу тежок процес и целиот овој период да го минеш сам – рече тој.

     

     

    Сопругата и синот негативни

    Сопругата на Музафер извесно време останала со него во периодот на самоизолација, а таа двапати била негативна.

    Негативен бил и неговиот син, кој исто така поминувал време со својот татко.

    – Се опоравив, но сѐ уште ги имам остатоците од короната во телото. Ова е единственото објаснување што го добив за позитивните тестови – рече Музафер.

    Кајасан рече дека ковид-19 го ограничува неговиот социјален живот.

    – Немам никаков проблем освен што не можам да ги гушнам моите сакани. Тоа ми е најтешко. Не можам ни да се вакцинирам поради мојата состојба – заклучил тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img