More

    Турција не ја прифаќа пораката за сочувство од САД

    spot_img

    Турција не ја прифаќа пораката за сочувство од Соединетите Американски Држави за вчерашниот смртоносен терористички напад во Истанбул, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јави агенцијата Анадолија, без да наведе конкретни мотиви за таквиот чекор.

    Во експлозија на авенијата Истиклал загинаа шестмина, а со повреди се здобија 81 лице.

    Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и приведена.

    Уапсената жена признала дека наредбата за напад ја добила од центарот на терористичката организација во Кобане во Сирија. ИПГ е сириски огранок на ПКК, што се наоѓа на листата на Турција, САД и на Европската унија како терористичка организација.

    Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер во пишана изјава објавена вчера, посочи дека „САД остро го осудуваат чинот на насилство што се случи во Истанбул”.

    На местото на експлозијата денеска, Сојлу појасни дека личноста одговорна за нападот би побегнала во Грција, доколку не беше фатена. Како што додаде, лицето кое го планирало нападот, исто така е лишено од слобода.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img