More

    Туркије, Египет и Саудиска Арабија би можеле да станат членки догодина

    spot_img

    Туркије, Египет и Саудиска Арабија сакаат да се приклучат на економскиот сојуз БРИКС, потврди претседателката Пурнима Ананд. БРИКС е меѓународна асоцијација на економии во развој, а нејзиниот акроним доаѓа од првите букви на земјите кои сега членуваат: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, пишува Б92.

    Ананд изјави дека одлуката за прием на некои од земјите може да биде донесена за време на следниот самит на организацијата во 2023 година.
    Во изјава за рускиот весник „Известија“, таа истакна дека претставниците на земјите од БРИКС разговарале за можните нови членки за време на нивниот последен самит во Пекинг, кој се одржа во виртуелен формат на 23 и 24 јуни.

    – Сите овие земји покажаа интерес за приклучување и се подготвуваат да аплицираат за членство. Мислам дека тоа е добар чекор, бидејќи проширувањето секогаш се перципира позитивно, тоа ќе го зајакне влијанието на БРИКС низ светот – вели таа.

    Ананд изрази надеж дека приемот на нови членки ќе се случи „многу брзо“, бидејќи „сите претставници на земјите кои го сочинуваат јадрото на оваа асоцијација се заинтересирани за проширување“. Таа додаде и дека приклучувањето нема да се случи истовремено, па затоа земјите треба да побрзаат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img