More

    Туна или сардина? Нутриционистите открија што е поздраво

    spot_img

    Рибата е многу здрава храна, пред се поради големиот процент на протеини, но и омега-3 масните киселини. Сепак, сите видови риби не се подеднакво здрави, па затоа треба да бидете внимателни кога ги консумирате.

    Нутриционистите тврдат дека сардините се најдобрата конзервирана риба. Во 100 грама сардини има дури 25 грама протеини. Благодарение на големото количество калциум, овие мали риби се многу важни за здрави и силни коски, пишува b92.

    Туната има сличен процент на протеини, но помалку холестерол од сардините. Сепак, нивото на калциум е значително помало, а нутриционистите се многу загрижени за количината на жива што може да се најде во туната.

    Во некои компании во светот го проверуваат процентот на жива пред да ја пакуваат туната во лименки, но тоа сепак е ретко.

    Оваа штетна состојка е причината поради која многу експерти препорачуваат сардини наместо туна на прашањето која риба е поздрава. Најзагадена туна има во Северна Америка и Европа, а најмалку во северозападниот и југозападниот Пацифик.

    Но, она што навистина е важно е каде се наоѓа рибата во синџирот на исхрана. Помалите риби се хранат само со планктони, па затоа се поздрави за човечка исхрана.

    Крупна подолго ги задржува нездравите состојки. Ако мислите дека поголемата туна е повкусна, пробајте сардина со малку сок од лимон и магдонос, дефинитивно ќе се предомислите.

    Внимавајте и на количините. Нутриционистите препорачуваат максимум две лименки туна неделно, додека за сардини нема ограничување. Сепак, поради количината на сол во сардините, задолжително јадете ги со несолена храна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img