More

    Тројца млади се ранети во пукотница во Словенија

    spot_img

    Едно лице загина, а три други  се ранети во престрелка во Словенија, додека осомничениот се уште е во бегство, соопшти полицијата во Ново Место, пренесе СТА.

    Се верува дека осомничениот, 25-годишниот Мирко Пилингер, вчера убил 22-годишно момче од Ново Место, на главниот пат меѓу Мирне Печи и Ново Место кај Брежје.

    Уште три лица, една жена и двајца мажи, на возраст меѓу 19 и 27 години, се ранети во престрелката и пренесени во болницата во Ново Место, јави СТА.

    Во периодот од 23 до 02 часот ноќеска пред Итната помош во Ново Место имало и неколку полицајци, бидејќи таму биле собрани околу 100 лица, кои ги познавале повредените и починатиот, но немало нереди.

    Полицијата соопшти дека осомничениот Пелингер, кој веќе имал криминално досие, е во бегство и дека е вооружен и опасен.

    Потрагата е во тек, а истрагата продолжува.

    Инцидентите со огнено оружје се ретки во Словенија и оваа е една од најсериозните престрелки во последниве години, според СТА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img