More

    Трифонов упати пцовка до пратениците кои гласаа „за“ францускиот предлог

    spot_img

    Слави Трифонов, лидерот на „Има таков народ“, зборуваше за нова парламентарна коалиција, откако пратениците денеска го прифатија предлогот на „Демократска Бугарија“ за поддршка на европската интеграција на Северна Македонија. Предлогот беше одобрен со гласовите на „Продолжуваме со промената“, „Демократска Бугарија“, ГЕРБ и МРФ. На вообичаен начин, со објава на Фејсбук, Трифонов гласањето во кое неговите пратеници беа „против“, заедно со „Преродба“ го опиша како надреално.

    – Буквално до вчера за Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“, а Христо Иванов од ДБ да комуницира со ГЕРБ и ДПС беше невозможно и моделот „ГЕРБ и ДПС“ требаше да се исчисти од лицето на политичкиот живот во Бугарија. Денеска се прегрнати Кирил Петков, Христо Иванов, Дељан Пеевски и Бојко Борисов. Достоинството и националната самодоверба во мајчина. Ја донесов мојата одлука и денес стана јасно зошто! – коментира Трифонов.

    – А човековите права на Бугарите во Македонија и тоа што не го признаваме таканаречениот „македонски јазик“, и јазикот на омразата кон Бугарите – ова не е важно. Важно е да се биде потивок од водата и пониско од тревата за да не ги налутиме големите сили. Како и секогаш. Таков е животот. Живееме во такви тешки времиња и очигледно секој треба сам да одлучи – забележува Трифонов.

    Тој додаде: „П.С. Темата за Северна Македонија беше прогласена за „црвена линија“ за БСП. Денеска БСП ја проголта својата „црвена линија“, гласаше воздржано и го предаде бугарскиот национален интерес. „Црвената линија“ или власта на секоја цена, г-ѓа Нинова? И вие го направивте вашиот избор“.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img