More

    Триумф на „Моќта на кучето“

    spot_img

    Во Лондон и Лос Анџелес синоќа се одржаа наградите БАФТА и Изборот на критичарите, а во двата случаи Џејн Кемпион и нејзиниот филм „Моќта на кучето“ прославија во главните категории за најдобар режисер и најдобар филм. Овој факт го потврдува она што веќе го знаеме, а тоа е дека триумфот на кој било друг филм на Оскарите на 28 март би претставувал големо изненадување.

    На двете доделувања во категоријата најдобар актер наградите ги однесе Вил Смит („Кралот Ричард“), додека Трој Коцур („КОДА“) и Аријана ДеБоуз („Приказна од западната страна“) ја освоија наградата за најдобра споредни улоги.
    Изборот на критичарите за најдобра актерка ѝ припадна на Џесика Честејн („Очите на Тами Феј“), додека за БАФТА во оваа категорија ниту еден од номинираните не се најде меѓу фаворитките, па наградата заврши во рацете на помалку познататата Џоан Сканлан за улогата во филмот „По љубовта“.

    Британското и американското жири имаа различни мислења во врска со сценариото. БАФТА за оригиналното сценарио му припадна на Пол Томас Андерсон за „Licorice Pizza“, а статуата за адаптираното му припадна на Сиан Хедер („КОДА“). Наградата Избор на критичарите за оригиналното сценарио му припадна на Кенет Брана за „Белфаст“, ​​а за адаптираното повторно на Џејн Кемпион и „Моќта на кучето“. Очекувано, наградите за најдобар странски филм отидоа во рацете на јапонскиот „Drive My Car“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img