More

    Тригодишно девојче пронајдено мртво во машина за перење

    spot_img

    Француските власти истражуваат смрт на тригодишно девојче кое е пронајдено мртво во машина за перење во семејниот стан, соопштија француските обвинители. Трагедијата се случила синоќа.

    Девојчето, кое минатата недела го прославило третиот роденден, било во критична состојба кога го извлекле од машината за перење, наведива „Ле Паризиен“. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но на крај, сепак, мораа да констатираат смрт околу полноќ.

    Француските медиуми јавуваат дека таткото, мајката и едно од нивните деца вечерале кога забележале дека девојчето го нема. Веднаш почнале со панична потрага и во станот и надвор од него, за помош се обратиле и кај соседите, а на крај на нашле во машината за перење.

    Обвинителството не соопшти повеќе детали и не го потврди пишувањето на дневниот весник „Ле Паризиен“ дека девојчето било пронајдено живо во машина за перење од нејзиниот татко и од уште еден член на семејството, а еден час подоцна починало во возилото на Итната помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img