More

    Трето отворање на Галичник филм фестивал

    spot_img

    Овој викенд центарот на универзумот ќе биде Галичник! Извезен под ѕвезденото небо на недопрената Галичка убавина на височина од 1500м2, денес ќе биде свеченото отворање на третиот по ред Галичник филм фестивал.  Викенд во природа, богата филмска програма еднаква на големите помпезни филмски фестивали и добра музика, спакувани во три-дневна магија надвор од хаосот на градот!

    Филмови кои ни доаѓаат директно од Cannes Film Festival, Oscars, Sundance, IDFA, Toronto International Film Festival, Locarno Film Festival, овој викенд ексклузивно ќе бидат проектирани за префинетото око на љубителите на кинематографијата. Официјалната селекција со 23 краткометражни филмови од цел свет, ќе сместени во следните категории: играни краткометражни филмови, документарни краткометражни филмови и анимирани краткометражни филмови. Како дел фестивалот, по завршувањето на проекциите следи музичка програма за уште поголемо уживање под богатото соѕвездие на Галичкото небо.

    Како дел од жири комисијата оваа година се актерот Никола Ристановски, режисерката и сценаристка Елеонора Вениновa и режисерот Георги М. Унковски, победник на минатогодишниот Галичник филм фестивал со филмот „Налепница.“

    Третиот Галичник филм фестивал несомнено ќе биде огромен предизвик за изострениот вкус на овие големи уметници имајќи го предвид фактот дека оваа година во игра се неверојатни 23 филмови кои секој на свој начин доаѓаат со својата единственост и уметничка тежина, но и позадина на веќе нанижани признанија ширум светот.

    Повикувајќи се на традицијата за филмски проекции во старото кино, во чест минатото кога со магариња од Јанче се носеле филмските ленти, и со носталгија за тоа како кровот во старото кино татне да чуе макар уште еден галички аплауз за некој нов филм, овој викенд бидете дел од кинематографското соѕвездие.

    Фестивалот е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија, а го реализираат ДАРМА ФИЛМ и МЗ Галичник. Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img