More

    Тренчовска вели штрајкот е во мирување, штрајкувачите да се вратат на работа

    spot_img

    Кога се пристапува кон мирно решавање на работните спорови, штрајкот се става во мирување, согласно Законот. До штрајкувачите што се моментално собрани пред СОНК, сакам да кажам дека се работи за штрајк, тој е колективен работен спор и кога нема да се најде решение меѓу двете страни, меѓу СОНК и МОН, тогаш се пристапува кон медијација, со помирувач што се вклучува во изнаоѓање на решение, вели во изјава за ТВ24 министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчовска за денешната одлука на СОНК.

    Според неа треба да се пристапи кон медијација, со помирувач кој се вклучува во процесот.

    – Советот на СОНК постапил согласно закон и кога се прифаќа медијацијата и штрајкот се прекинува и учениците и наставниците се враќаат во училиштата и ако се продолжи со штрајк во такви услови ќе има последици. Ако не се појават на работа наставниците ќе се казнат според Законот за работни односи, а може да изгубат и работа. Нема повеќе штрајк, ставен е во мирување, наставниците мора да се вратат на работа и ако не го направат тоа ќе им се смета дека неоправдано се отсутни – рече министерката.

    Како што вели Тренчевска, на барање на Министерството за образование избран е медијатор кој ќе се вклучи во овој процес.

    – Лицето е Драгица Исаиловска Митровска, правничка по професија, со долго искуство. Таа е непристрасна, го знае правото, го знае Законот за работни односи, законите за образование и има компетенции да биде помирувач. И со нејзината улога верува дека ќе стигнеме до решение. Ќе има претставници на МОН, на СОНК и заедно со медијаторот ќе учествуваат во преговорите – вели Тренечковска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img