More

    Тренчевска: Општина Делчево добива нова детска градинка со капацитет за 130 деца

    spot_img

    Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска потпишаа Договор за изградба на нова детска градинка која ќе обезбеди опфат на нови 130 деца од оваа општина.

    „Со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски потпишавме Договор за изградба на нова детска градинка како дел од ЈОУДГ „Весели Цветови“ , со капацитет за 130 деца распоредени во 8 групи, “ изјави министерката.

    За изградба на оваа детска градинка Министерството од својот буџет инвестира согласно проценетата вредност 50.6 милиони денари со ДДВ, и за опремување дополнително уште 5.6 милиони денари. Општина Делчево учествува со околу 5% во изградбата.

    „За Министерството за труд и социјална политика, вложувањето во раниот детски развој е приоритет. Секое дете заслужува можност за квалитетно предучилишно воспитание, затоа што тоа е клучно за правилниот детски развој и претставува подготовка за понатамошниот тек во образовниот процес,“ рече министерката.

    Од 2017 година изградени се 69 градинки со опфат на околу 4300 деца во предучилишно згрижување и воспитание.

    Градоначалникот Трајковски истакна дека со изградбата на новата градинка, се овозможува децата кои се на листите на чекање за прием во детската градинка, да влезат во воспитно-образовниот систем и да се подготват за образовниот процес. Воедно, се овозможува на младите родители згрижување на нивните дечиња и се создаваат услови и за нови вработувања.

    „Изминатиов период посветено работевме за да го оствариме ова ветување пред граѓаните и да изградиме уште еден капитален проект кој ќе биде украс на градот и кој ќе сведочи за нашата работа и мотивираност да го направиме нашето Делчево убаво место за живеење и да одговориме на потребите на сите категории граѓани,“ рече Трајковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img