More

    Тренерот на Баерн Минхен задоволен од играта на своите избраници

    spot_img

    Тренерот на Баерн Минхен во целост е задоволен од прикажаното на неговиот тим синоќа на гостувањето кај Интер во првото коло од Лигата на шампионите.

    Баерн победи со 2:0 со головите на Сане во 25. минута и Д’Амброзио (автогол) во 66. минута.

    – Многу сум задоволен од играта. Сите 90 минути одржувавме добро ниво на интензитет. Во секое од полувремињата имаше по десетина минути во кои на противникот му дававме територијална предност, а сѐ друго беше на наша страна. Објективно целосно заслуживме да победиме. Важно беше да се започне со три бода – изјави Јулијан Нагелсман.

    На другиот натпревар од Ц-групата, Барселона ја совлада Викторија Плзењ со 5:1.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img