More

    Трајко Славески му врати на премиерот Ковачевски

    spot_img

    Очигледно премиерот на државата, покрај растечката инфлација, проблемите во економијата, блокадите во градот, истоштените институции, проблемите со бизнисите, има доволно време да се посвети да ја коментира мојата работа, се вели во писмената изјава на претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на премиерот Ковачевски дека тој „не заслужува да претседава со Советот на град Скопје“.

    – Прво, фактот што призна дека имал средби со градоначалничката Арсовска во владата дава објаснување за позадината на многу работи, блокади и напади врз мене како претседател на Советот и хаосот кој се продуцира во работењето на градот и градоначалничката. Второ, во интерес на вистината и во однос на неговата хипотеза дека дека не сум заслужил да бидам претседавач на совет, ќе нагласам дека како советник, носител на листа сум избран од убедливото мнозинство од граѓаните на Скопје, за разлика од него како премиер кој не е избран на избори, туку поставен на позицијата премиер договорено на зелена маса, во неговата партија. Воедно, повеќе пати сум бил на избори, како носител на листа, за советници и за пратеници. СДСМ во втора изборна единица (неговата и во неговото Куманово) сум го победувал катастрофално со огромна поддршка од негови сограѓани. Така да единствениот кој не заслужува да биде премиер е токму Ковачевски, бидејќи тоа Македонија, а гледаме и градот Скопје ја чини прилично многу – истакна Славески.

    Во оваа прилика, иако не е за фалење можам само да им ја честитам полутајната и неформална коалиција во градот, додава Славески.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img