More

    Трајковски: И покрај драматичните поскапувања на струјата, паметното греење со клима инвертери сепак е најисплатливо

    spot_img

    И покрај драматичните поскапувања на струјата, паметното греење со клима инвертери сепак е најисплатливо, покажуваат пресметките на битолскиот професор Дејан Трајковски.

    Тој направил споредба на цените на еден киловатчас топлинска енергија, добиена од разни видови енергенси. Во неговите пресметки е земен предвид и и степенот на корисност на ложиштето кај разни видови горива, односно коефициентот на перформанси кај клима уредите (SCOP). Тој покажува колку киловатчасови топлинска енергија се добиваат просечно од еден киловатчас електрична енергија. Овој коефициент зависи од типот на клима уредот, а највисок е кај современите инвертер клима уреди.

    Тоа зависи и од климатската зона, односно од средната зимска температура. Во Скопје, на пример, поради потоплите зими, овој коефициент е повисок и цената на топлинската енергија од клима уредот е пониска, а во Битола е обратно – поради постуденото време, SCOP е понизок а топлинската енергија од клима уредот е релативно поскапа.

    Ова е табелата што ја објави професорот Трајковски:

    Резултатите се повеќе од јасни. Греењето на екстра лесно масло односно на нафта за домаќинство е најдобро да го заборавиме. Дури и греењето на ТНГ (втечнет гас од бензинските пумпи) не е многу поевтино, како ни греењето на електрична енергија со греалки, особено во високата тарифа.

    – Најисплатливо е греењето со инвертер клима уреди и тоа во ниската тарифа. Со овие цени на електричната енергија сè уште се исплати овој вид на греење и потегот на локалните власти во Битола за замена на печките на тврдо гориво со инвертер клима уреди сè уште се покажува правилен – коментира Трајковски.

    Греењето на дрва спаѓа меѓу најевтините начини, но поради проблемот со загадувањето, не се препорачува и најдобро е да се избегнува.

    Греењето на екстра лесно масло односно на нафта за домаќинство е најдобро да го заборавиме. Дури и греењето на ТНГ не е многу поевтино, како ни греењето на електрична енергија со греалки, особено во високата тарифа.

    Дејан Трајковскипрофесор од Битола

     

    Државата веќе неколку години дели субвенции за вградување клима инвертери и печки на пелети, но мотивите за ова беа поврзани со енормното загадување. Во Скопје во тек е јавниот повик за субвенции за оваа година, а од градската каса за оваа намена ќе бидат издвоени 400.000 евра.

    Познавачите велат дека префрлањето на греење со клима инвертери има само еден голем недостаток, а тоа е опасноста ако државата се соочи со недостиг на струја поради што би можела да воведе подолготрајни рестрикции.

    Традиционално, половина од домаќинствата во Македонија се греат на дрва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img