More

    Традиција стара 400 години: Јавачите во Шпанија си ги измиле гревовите скокајќи низ оган

    spot_img

    На фестивалот „Las Luminarias“, јавачите и коњите во Сан Бартоломе де Пинарес, мало гратче во централна Шпанија, скокаат низ оган за, се верува, да се исчистат од гревовите.

    Тоа е традиција стара 400 години, а коњите скокаат преку оган и на тој начин штитат од зли духови и болести.

    Овој настан во Сан Бартоломе де Пинарес, на 100 километри од Мадрид, и оваа година собра голем број луѓе.

    Сан Бартоломе де Пинарес, со околу 600 жители, поради оваа традиција, стана многу популарно место не само за домашните, туку и за странските туристи, кои доаѓаат да присуствуваат на настанот.

    Коњите со векови минуваат низ голем пожар, во спомен на свети Антониј, што предизвикува остри критики од заштитниците на животните. Различни здруженија за заштита на коњите започнаа кампања за забрана на оваа традиција.

    Верувајќи дека чадот ги чисти коњите од злите духови и обезбедува здрава година, селаните ставаат зелени гранки од дрвја на огнот за да создадат што повеќе чад.

    Здруженијата за права на животните во Шпанија го повторија барањето наместо оган да се користи само чад, со образложение дека и оваа година, како и секоја година, страдаат коњите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img