More

    Том Круз на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата

    spot_img

    Холивудската суперѕвезда се појави во неделата во Виндзор пред прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора и предизвика општ хаос кај локалното население, а потоа на сцената приреди спектакл, достоен за самиот настан.

    Во Виндзор беше организирано коњичкото шоу „Royal Windsor Horse Show“ на кое присуствуваше и славеничката, кралицата Елизабета Втора (96) која одамна не сме ја виделе толку среќна и восхитена.

    Претставата беше дел од одбележувањето на платинестиот јубилеј на британската кралица, односно нејзините 70 години владеење. Програмата ќе трае до четврток вечер и е почеток на низата прослави.

     

     

    Елизабета Втора беше пречекана со аплауз додека влегуваше во арената. Таа беше проследена со овации додека се приближуваше до кралската ложа со грофицата и грофот од Васекс. Иако има проблеми со подвижноста поради кои мораше да ги откаже јавните настапи, таа не сакаше да го пропушти тој јавен настан.

    Водител на коњичкото шоу беше еден од најпознатите и највлијателните холивудски актери, Том Круз, кој приреди големо изненадување кога се појави во Виндзор. Беше лежерно облечен, а насобраните ги поздрави со препознатлива насмевка.

    Не беше позната улогата на холивудскиот актер на важната церемонија. Но, таа беше навестена од водителот и новинар Алан Тичмарш, кој исто така ја водеше програмата, а кој неодамна на шега го постави прашањето: „Дали на Том Круз ќе му пречи ако е во мојата сцена?“.

    Пред да излезе на сцената, Том Круз кажа што мисли за кралицата Елизабета Втора: „Таа е жена на која исклучително ѝ се восхитувам. Поседува голема упорност и се восхитувам на нејзиното достоинство. Љубител сум на историјата и имам голема почит кон неа. Ова е прекрасно, навистина ја сакам традицијата! Каков момент!“.

     

    Круз истакна дека светските лидери и пошироката јавност препознаваат достоинство, лојалност и добрина во кралицата. Исто како него. Тој ги откри и деталите од првата средба со принцот Филип, кој рече дека Круз бил првиот гостин кој со хеликоптер пристигнал во Бакингемската палата.

    Кралската палата ќе му се реваншира за учеството на важниот настан, и тоа од страна на војвотката и војводата од Кембриџ (Кејт Мидлтон и принцот Вилијам) кои на19 мај во Лондон ќе присуствуваат на британската премиера на „Топ ган: Маверик“, во која Круз ја толкува главната улога.

    Во грандиозното шоу во чест на кралицата учествуваше и актерката Хелен Мирен, која двапати ја играше Елизабета Втора, а вчера беше во таа улога.

    Том Круз го најави појавувањето на артилериската трупа на кралската коњаница како „еден од најинтересните и највозбудливите“.

    Одбележувањето на планинскиот јубилеј на кралицата ќе продолжи со бројни настани до 5 јуни, кога во Лондон ќе биде организиран голем ручек и улични забави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img