More

    Тодор Анѓушев предупредува дека Македонија треба да спроведе паметна стратегија

    spot_img

    Северна Македонија треба да гради што повеќе електрани од обновливи извори на енергија, но тоа да бидат различни извори, наместо само фотоволтаични електрани како што е состојбата во моментот, изјави Тодор Анѓушев, претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во Стопанската комората.

    На конференцијата на комората, насловена „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и да ја трансформираме економијата“, Тодор Анѓушев предупреди дека моменталниот тренд на приватните инвеститори да градат пред сѐ, електрани на сончева енергија, може по одреден период да биде неисплатливо и да не одговара на потребите на системот и потрошувачката на пазaрот.

    – Во моментот има интерес за изградба на фотоволтаични електрични централи со инсталирана моќност од околу 7 GW, што е многу. Северна Македонија треба да спроведе паметна стратегија и да се стимулираат инвестиции во обновливи извори кои евентуално би можеле да обезбедат базна енергија која е многу важна. Хидроелектрани, кои неоправдано се најдоа на удар како проект, потоа биогасни електрани, гасни, како и учество во некој регионален проект за нуклеарна електрана – нагласи  тој.

    „Многу е важно што побргу да се изгради Чебрен, бидејќи тој е исклучително важен енергетски објект и е електрана од огромен интерес за Македонија и за регионот бидејќи е ревирзибилна електрана“, порача во своето излагање Тодор Анѓушев, претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација и управител на „Мали хидроелектрани“ ДОО Скопје и на ЕМС ДОО (Energy Maintenance Solutions), членки на групацијата Феро инвест.

    Анѓушев укажа и дека за побрзо градење електрани од обновливи извори потребно е државата да ги олесни процедурите и да ја подобри регулативата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img