More

    Тито имал одличен вкус за недвижнини

    spot_img

    Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готово, потврдила компанијата Даглас Елиман, најголемата агенција за недвижности во САД, пишува американскиот весник „Волстрит журнал“.

    Агенцијата објави дека ја продала вилата во Њујорк, резиденција на поранешната југословенска мисија во Обединетите нации, на престижната Петта авенија на Менхетен, за целосната барана цена од 50 милиони долари во готово.

    Продавач на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија и вилата е купена од компанија со адреса во Њујорк.

    Парите треба да бидат се поделени на петте земји, а процесот на распределба на дипломатско-конзуларниот имот на поранешна Југославија беше воспоставен во 2016 година кога беше постигнат договор за сукцесија и продажба на недвижен имот. Според договорот за наследување, 39,5 отсто од парите добиени од продажбата треба да ѝ припаднат на Србија, 23,5 отсто на Хрватска, 15 отсто на Босна и Херцеговина, 14 отсто на Словенија и 8 отсто за Македонија. Согласно износот кој досега е објавен во медиумите, Македонија би требало да добие околу 4 милиони долари.

    – Новиот сопственик штотуку купи значаен дел од историјата на Њујорк – изјави Тристан Харпер, агентот на Даглас Елиман кој го склучи договорот. Тој истакна дека претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, „иако комунист, имал многу добар вкус за недвижнини“.

    Според агентот, вилата првпат била понудена на продажба во 2017 година, а оттогаш таа е на и надвор од пазарот во следните неколку години.

    Во јуни 2021 година, Харпер објави дека е добиена понуда во готовина од 50 милиони долари за вилата и дека земјите што продаваат постигнале консензус за продажбата.

    Според претходно објавен оглас за продажба, вилата е изградена на четири нивоа и има два ката, 18 соби, шест бањи и винарска визба. Тоа беше првата зграда со два електрични лифтови, кои сѐ уште се во функција. Во неа е зачуван оригиналниот ентериер, а од 1969 година е под заштита на државата и градот Њујорк.

    За време на Студената војна, кога тука престојуваше и Тито, на врвот наводно имало соба која никој не можел да ја прислушува, како и непробојни прозорци свртени кон Петтата авенија.

     

    Зградата, во голема мера е недопрена со децении, нема централна климатизација, а гасот е исклучен по пожарот што избувна во електрични инсталации во 2018 година, пишува „Вол стрит журнал“.

    Првиот сопственик на зградата бил гувернерот на Лонг Ајленд, Роберт Бикман Ливингстон, па затоа зградата по него се нарекува и Куќа на Бикмен. Подоцна таму престојувала и Емили Вандербилт Вајт, сопруга на Хенри Вајт, поранешен американски амбасадор во Франција и Италија, и една од ќерките на Вилијам К. Вандербилт, познат индустријалец, познат по финансирањето на изградбата на Централната железничка станица во Њујорк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img