More

    Тинејџерот Џек Свини кој го следел авионот на Маск сега го следи движењето на авионот на олигарсите Роман Абрамович, Алишер Усманов , Леонид Микелсон

    spot_img

    Американскиот тинејџер, кој стигна до медиумите отворајќи страница на Твитер каде го следи движењето на приватниот авион на американскиот милијардер Илон Маск, најде нови цели – руски олигарси и милијардери, објави во четвртокот Си-Ен-Ен.

    Џек Свини од Флорида, кој ја одби понудата на Илон Маск да престане да го следи неговиот авион и да ги објавува податоците за 5.000 долари, отвори два нови автоматизирани профили на Твитер по руската инвазија на Украина, која веднаш доби околу 300.000 следбеници.

    Меѓу авионите што ги следи во реално време е оној на сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович, бизнисменот Алишер Усманов и милијардерот Леонид Микелсон, кој ја предводи руската гасна компанија „Новатек“.

    Свини рече дека е запрепастен од големината на авионот во сопственост на руски олигарси.

    Нивните авиони се огромни во споредба со другите, патуваат во авиони со комерцијална големина како Ербас А319 и Боинг 737.

    Вкупно надгледува околу 40 авиони и хеликоптери на руски олигарси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img