More

    Теута Арифи вели дека Касами прави приказни

    spot_img

    Теута Арифи, поранешната градоначалничка на Тетово, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека општината немала над 800 договори на дело на годишно ниво, туку дека тоа биле повремени исплати кон физички лица по разни основи.

    Градоначалникот Билал Касами објави 811 списоци за луѓе на кои општина Тетово им исплатила пари, како што рече тој, со договор на дело. Како што рече тој, имало 811 договори на дело за 406 луѓе, а многу од поединците не оделе на работа. Некој земал 9.000, некој 15.000, а некои по 25.000 денари месечно.

    – Нема 800 договори на дело. Касами ги објави сите уплати кон физички лица во 2021. Тука има членови на комисии, исплати врз основа на одлуки на Совет и разни исплати кон физички лица. Тоа не значи дека тие се под договор на дело. Тоа е тенденција да се направи приказна – рече Арифи.

    За долгот на општината од 24 милиони евра, Арифи рече дека толкав бил и кога таа дошла на функција, но дека во меѓувреме го менаџирала и не се жалела.

    – Поради неспособноста да даде резултати се занимава со мене. Негова најголема заслуга во овие три месеци е укинувањето на велосипедските патики. Да укинете 6 километри велосипедски патеки во презагаден град не е добар потег. Второ достигнување му е замирање на штотуку започнатиот јавен превоз, а трето достигнување е поскапување на паркингот за кој во кампањата велеше дека ќе биде бесплатен – вели Арифи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img