More

    Тет а тет средба на Џафери со претседателот Матарела

    spot_img

    Претседателот на собранието Талат Џафери денеска на тет-а-тет средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела истакна дека безрезервната поддршка на традиционално партнерските држави, меѓу кои е и Италија, за нас претставува недвосмислена потврда на сите наши напори да ја оствариме стратешката цел и желба на нашите граѓани – да бидеме дел од европското семејство на народи.

    – На средбата претседателот Џафери искажа задоволство што во пресрет на годината кога Северна Македонија и Италија одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, возвратните посети на највисоко ниво се интензивираат. Тој го запозна претседателот Матарела со тековните процеси во Собранието, работата на Пратеничката група за соработка на Собранието и Италијанскиот парламент, како и со политичката состојба во државата. Претседателот Џафери се осврна и на нашата дијаспора во Италија која брои над 100 000 жители и се заблагодари за односот којшто Италија го има во однос на нашите граѓани – соопшти Кабинетот на Џафери.

    На средбата на Џафери со италијанскиот претседател, кој е во официјална посета на земјава, соговорниците се осврнаа и на актуелната геополитичка и безбедносна состојба во Европа.

    – Со фокус на руската агресија врз Украина и придонесот којшто двете држави, како сојузници во НАТО го имаат за враќање и одржување на европскиот и светскиот мир и разменија мислења за предизвиците со коишто ќе се соочи Европа во сферите на енергетика и безбедност на храна – се наведува во соопштението.

    Во рамки на официјалната посета, претседателот на Италија Серџо Матарела се обрати и пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img