More

    Тен Хаг: Ништо ново за Роналдо, сметам на него

    spot_img

    Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека ситуацијата со фудбалерот Кристијано Роналдо не е променета, односно дека се уште смета на Португалецот.

    Фудбалерите на Јунајтед отпатуваа од Бангкок во Мелбурн на претсезонска турнеја, а Роналдо од лични причини не отпатува со тимот, туку остана во Португалија каде тренираше во тренинг центарот на националниот тим.

    Поради ова, медиумите шпекулираа дека 37-годишниот фудбалер ќе го напушти „Олд Трафорд“. Тен Хаг неодамна изјави дека Роналдо не е на продажба и дека клубот целосно смета на него оваа сезона, а по неговото пристигнување во Австралија на прес-конференција „не сакаше да долее масло на огнот“, пренесе Скај.

    Имавме најава за тоа и ништо не се промени“, рече Тен Хаг.

    По завршувањето на минатата сезона Роналдо изјави дека е незадоволен од амбициите на клубот и дека би сакал повторно да игра во Лигата на шампионите. Јунајтед оваа сезона ќе игра во Лига Европа, откако заврши на шестото место во Премиер лигата, со 35 бода помалку од шампионот Манчестер Сити.

    Јунајтед освои 58 бода, најмалку од основањето на Премиер лигата во 1992 година, а Тен Хаг верува дека тимот што го има моментално може да постигне подобри резултати.

    „Мислам дека Манчестер Јунајтед има голем потенцијал и навистина добри фудбалери. Имаме искусни играчи, но и млади кои имаат потенцијал. Сега треба да го покажат тоа и ни претстои тешка работа. Маркус Рашфорд е еден од нив, нели? Тој е симбол на академијата на Манчестер Јунајтед, а по него ќе дојдат многу таленти“, изјави Тен Хаг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img