More

    Тен Хаг и Манчестер Јунајтед разочарани од интервјуто на Португалецот

    spot_img

    Во Манчестер јунајтед се незадоволни од интервјуто на Кристијано Роналдо. Да потсетиме, напаѓачот во интервјуто со Пирс Морган рече дека не го почитува тренерот Ерик тен Хаг, и дека клубот се обидел да го принуди да си замине, а зборуваше и за недостатокот на напредок во Јунајтед по заминувањето на Алекс Фергусон.

    Според „Sky Sports”, Тен Хаг и неговите соработници се крајно разочарани од стилот и тајмингот на ова интервју. За неговото излегување дознале кога се подготвувале за враќање од Лондон по мечот со Фулам од 2:1.

    Во Јунајтед не разбираат зошто Роналдо го кажа сето ова. Членовите на тимот се исто така разочарани што Кристијано на овој начин покажа непочитување кон тренерот, клубот и соиграчите.

    Веројатно клубот ќе ги разгледа сите можни опции за разделба со Португалецот по завршувањето на Светското првенство во Катар (20 ноември – 18 декември).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img