More

    Тензиите растат, ЕУ свика самит, Кина повикува на смиреност

    spot_img

    Додека Европа се спрема за евентуален воен судир во Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара гаранции од Русија, но и од западните земји за безбедноста на својата држава. Истовремено, САД и неколку земји донесоа економски санкции кон Москва, а Бајден наредил уште американски војници да бидат распоредени во Полска, балтичките земји и во југоисточното крило на НАТО. Осумстотини војници и осум борбени авиони ќе бидат прераспоредени на Стариот Континент.

    ЕУ вечерва на вонреден самит ќе заседава за кризата. Од усогласувањето на ставовие на ЕУ-земјите ќе зависи и одлуката на Белгија да испрати воена помош и опрема, меѓу кои и пет илјади шлемови во Украина, иако за тоа од НАТО засега немало барање. Додека Европа ги заострува мерките, Кина засега повикува на смиреност и на Истокот и на Западот.

     Украина бара итни и јасни безбедносни гаранции од Русија и од Западот

     Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара „безбедносни гаранции“ за неговата земја од Западот и Москва во време кога Украина се соочува со закана од руска инвазија.

    – На Украина ѝ се потребни безбедносни гаранции, јасни и конкретни, и тоа веднаш. И од Западот и од Русија – рече Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со колегите од Полска и Литванија колеги Анджеј Дуда и Гитанас Наусед.

    – Во моментов, Украина не е членка на ниту еден безбедносен сојуз. Ние се браниме сами, со поддршка од нашите партнери. Но, Украинците умираат. Затоа на Украина ѝ требаат безбедносни гаранции: јасни, конкретни, итни. Сакаме да знаеме дека можеме да ги заштитиме нашите луѓе, нашите домови, дека не сме оставени сами на себе, дека имаме поддршка и од други партнери.

    Бајден носи уште војска во Југоисточна Европа

    Американскиот претседател, Џо Бајден, издаде наредба до американската војска во Европа да ја засили одбраната во земјите кои се граничат со Украина. Министерот за одбрана Лојд Остин дал наредба за префрање на 800 американски војници од Италија во балтичките земји. Префрлање ќе има и на осум воени авиони F-35 Lightning II од Германија во оперативната база на источното крили на НАТО.

    Дваесет офанзивни авиони AH-64 Apache исто така ќе бидат префрелни од Германија, а 12 хеликоптери Апачи ќе бидат префрлени од Грција.

    Украина побарала воена помош од Белгија

    Државната телевизија ВРТ обелодени дека Украина испратила барање до Белгија за воена опрема, но белгиската Влада не одговорила, јави дописничката на МИА од Брисел. Според информациите на медиумот, Украина барала околу пет илјади шлемови, но и оружје и муниција уште пред неколку недели.

    Белгија не одговорила ниту позитивно, ниту негативно. Земјата исто така, сака претходно да се усогласи со европските партнери пред да одговори на барањето. Министерката за одбрана на Белгија, исто така, не ја исклучи можноста да се испратат белгиски трупи во случај на “најлошо сценарио“, како што рече.

    Кина ги повика сите да бидат воздржани

    Кина ги повикува сите страни вклучени во украинското прашање да покажат воздржаност, да ги намалат тензиите и да ги решат разликите преку дијалог и преговори. Ова го изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин, на брифинг со новинарите, пренесува Ксинхуа.

    Тој посочи дека Кина го следи развојот на ситуацијата во Украина и дека позицијата на Пекинг по тоа прашање е конзистентна, нагласувајќи дека „легитимната загриженост за безбедноста на сите земји треба да се почитува“, а „целите и принципите на Повелбата на ОН да се земат предвид“.

    ЕУ свика итен самит за руско-украинската криза

    ЕУ утревечер во Брисел ќе одржи итен самит за „агресивните дејствија“ на Русија против Украина, соопшти претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во писмо до лидерите на Унијата.

    – Важно е да продолжиме да бидеме обединети и одлучни и заеднички да го дефинираме нашиот колективен пристап и делување, рече тој.

    – Затоа, би сакал да ве поканам на специјален Европски совет (самит) во четврток на 24 февруари, кој ќе се одржи во Брисел и ќе започне во 20:00 часот, стои во писмото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img