More

    Тендерската процедура за првата и втората фаза од источното крило во завршна фаза…

    spot_img

    Менаџери на железничките претпријатија од Западен Балкан денеска и утре во Охрид разменуваат искуства и ќе определат заеднички приоритети за поголема достапност на европските средства за реализација на инфраструктурни проекти во рамки на вториот состанок на Мрежата на управители на инфраструктура во рамките на Транспортната заедница.

    Директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец забележа дека европските средства во проектираниот седумгодишен буџет биле енормно зголемени во однос на изминатиот период, посочувајќи дека најмногу средства годинава во државата се издвоени за железничката инфраструктура.

    – Во завршна фаза сме на тендерската процедура за првата и втората фаза од Коридорот 8, источно крило кон Бугарија, нашите очекувања се дека реализацијата ќе почне до крајот на пролетта. Би требало да заврши во проектно планираниот рок, а како аргумент плус е тоа што е можеби еден од малкуте инфраструктурни проекти, кој почнува со 100 отсто решена експропријација. Иако во овој момент најголемите проекти се поврзани со Коридор 8, источно крило, продолжуваме со подобрување на патните премини, вградување елементи од рециклиран гума, а користиме и грант од ЕУ за реновирање и подобрување на 20-тина патни премини во сферата на сигнализација и телекомуникациите. Одржувањето на пругата е континуиран процес, истакна Локвенец.

    Работата во железничката инфраструктура, додаде, е приказна која никогаш не завршува, туку во континуитет мора да се одвива за подобрување и на капацитетот, но и на кондицијата на железничката инфраструктура.

    Целта на состанокот, според Матеј Закоњшек, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница на Југоисточна Европа, е клучните луѓе на Западен Балкан, инфраструктурните менаџери, да работат заедно и да овозможат железничкиот пазар да биде достапен до бизнисите и до луѓето, а истовремено да биде одржлив.

    Тој смета дека за да функционира модерно пазарот на Западен Балкан мора да биде инфраструктурно поврзан.

    – Мрежата на железници во Западниот Балкан е долга 7,700 километри . Тоа е релативно малку, но ако овој пазар сака да функционира на модерен начин, мора да биде поврзан и преку границите и тука, со соседите во Западен Балкан, а и со членките на ЕУ. Не можеме да бидеме задоволни со квалитетот на железниците. Но, плановите на сите инфраструктурни менаџери во регионот се ветувачки. Со поддршка од ЕУ, верувам дека железниците ќе се вратат и ќе станат едно од најзначајните превозни средства, истакна Закоњшек.

    На вториот состанок на Мрежата на управители на инфраструктура во рамките на Транспортната заедница, покрај од Железници на РСМ Инфраструктура  присуствуваат и претставници од Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img