More

    Телото на поранешна бразилска манекенка е пронајдено во урнатините на бункер во Харков

    spot_img

    Талита до Вале, 39-годишна поранешна бразилска манекенка и исто така елитна снајперистка која документирала воени подвизи на Јутјуб, била убиена за време на руското гранатирање на Харков, пишува Мирор.

    За време на нападот, животот го загуби и поранешниот војник на бразилската армија Даглас Бурига, кој се врати во бункерот за да ја пронајде Талита. Таа беше единствената припадничка на единицата која го преживеала првиот ракетен напад, тврдат други борци, а имала искуство и во претходни конфликти бидејќи се борела против Исламската држава во Ирак, што го документирала на нејзиниот канал на Јутјуб.

    За време на борбите во Ирак, таа доби обука за снајпер и се приклучи на Пешмерга, вооружените сили на независниот регион Курдистан во Ирак. Таа, исто така, соработуваше со писател за да го претвори тоа искуство во книга.

    Откако го преживеала бомбардирањето во главниот град на Украина, Талита му објаснила на семејството дека не може многу да зборува бидејќи нејзината активност на мобилниот телефон ја следат руски дронови и дека ќе им се јави само за да ги извести дека е добро.

    Последен пат тие разговараа минатата недела во понеделникот, откако Талита се пресели во Харков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img