More

    Телма: Нова истрага против Зекири

    spot_img

    Решението на Апелација открива дека обвинителството може да ја прошири истрагата за екс генералниот секретар во владата Мухамед Зекири, кој останува во куќен притвор уште триесет дена, објави Телма.

    Тоа се навестува во делот од решението со кој се цитира образложението на  обвинителството за организиран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

    „Во предлогот се наведува дека во досегашната фаза на истражната постапка од страна на обвинителството се преземени и други истражни дејствија, при што при обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривчно дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за сличен кривично-правен настан, поради што ќе биде потребно истрагата да се прошири и за тој кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомниченот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности“, се наведува во одлуката на Апелацискиот суд кој го цитира барањето на обвинителството.

    Зеќири веќе е осомничен дека заедно со двајца хрватски државјани сторил изигрување на тендерската постапка. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img