More

    Таткото на Илон Маск добил дете со својата поќерка

    spot_img

    Отуѓениот татко, Ерол Маск, штотуку откри дека добил девојче со неговата поранешна поќерка Јана Безуиденхаут, која е полусестра на Илон Маск.

    Илон Маск неодамна доби близнаци во тајност со 36-годишната Шивон Зилис, но неговиот татко решил да го засени на 76-годишна возраст, очигледно водејќи се од мислата искажана пред три години дека единствената причина за нашето постоење на Земјата е токму размножувањето.

    Инаку, ова е седмо дете на Ерол и второ со поранешната поќерка. Двајцата имаат и петгодишен син роден во 2017 година, но не живеат заедно, а како причина Ерол Маск ја наведува големата разлика во години.

    „Секој маж што ќе се ожени со помлада жена, дури и ако се чувствува многу витално, ќе се чувствува убаво некое време, но постои голема празнина… И таа празнина ќе се покаже сама по себе“, изјавил тој пред неколку години за „Сан“.

     

    Инаку, Ерол се оженил со мајката на Јана, Хејда Безуиденхаут, кога Јана имала само четири години. Биле во брак 18 години и заедно имаат две деца. Не е јасно каков бил односот на Ерол и Јана како очув и поќерка, иако Ерол за „Сандеј тајмс“ во 2018 година изјавил дека навистина не ја смета Јана за своја поќерка.

    Тој исто така открил и дека тој и Јана повторно се споиле во 2017 година (околу осум години откако се развел од нејзината мајка).

    „Бевме осамени, изгубени луѓе. Една работа доведе до друга – можете тоа да го наречете Божји план или план на природата“, изјавил тој своевремено.

    Тогаш Јана ја нарекол „прекрасна девојка и прекрасна мајка“.

    Иако не е познато колку Ерол всушност е вклучен во животот на своите деца, тој за британските медиуми потврди дека Јана и нивните две деца биле со него во Јужна Африка на почетокот на годинава.

    „Јана дојде и помина неколку дена овде пред околу шест месеци. И децата почнаа да ми одат на нерви, а потоа ми недостасуваа веднаш штом си заминаа“, рече тој.

    Ерол изјавил дека не барал тест за татковство за својата најмлада ќерка бидејќи „личи на неговите други ќерки“.

    Двете ќерки „случајно“ се полусестри на Јана и не се задоволни од ваквиот развој на ситуацијата во семејството.

    „Сè уште не им се допаѓа. Сè уште сето тоа е морничаво бидејќи таа им е сестра. Нивна полусестра“, рекол Илон Маск.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img