More

    Тасевски: Сузбивањето на најголемото зло – тероризмот и транснационалниот криминал, кои претставуваат глобален предизвик во целиот свет побарува сериозен пристап, меѓуинституционална соработка

    spot_img

    Присуството на извршниот директор на Европол и извршниот директор за полициски служби на Интерпол и силниот одзив јасно и гласно зборува за нашата посветеност, верба и решителност во регионалната соработка, размената на полициски информации и најважно од сè – меѓусебната доверба, нагласи директорот на Бирото за Јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски, на Регионалниот состанок на директори на полициски служби од Западен Балкан, Хеленската Република, Република Бугарија и Италијанската Република, што денеска и утре се одржува во Скопје.

    Организираниот криминал, потенцира тој, не познава граници, истиот е во постојано движење, а обезбедувањето на сигурна и безбедна средина за живеење за нашите граѓани може да се реализира единствено преку постојано зајакнување на заедничката оперативна соработка и побрза и поефикасна размена на информации на билатерално и мултилатерално ниво.

    -Сузбивањето на најголемото зло – тероризмот и транснационалниот криминал, кои претставуваат глобален предизвик во целиот свет побарува сериозен пристап, меѓуинституционална соработка и соработка помеѓу полициите не само од земјите од регионот, туку и пошироко. Во рамки на постапувањата на Бирото за јавна безбедност и на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во целост – меѓународната полициска соработка е од исклучителна важност при идентификување, профилирање и сузбивање на криминални групи и мрежи кои делуваат на меѓународно ниво. Добрите пракси од меѓусебна полициска соработка на полициски службеници од регионот од изминатите години продолжува и понатаму, а резултатите се потврдуваат со самите реализации. Од тие причини, меѓународната полициска соработка која е веќе воспоставена и која успешно се применува, би требало да продолжи и во иднина, заради остварување на заедничката цел – ефикасна борба во сузбивање на организираните криминални групи и тероризмот, рече во обраќањето директорот на БЈБ.

    Наведе дека заканите од криминалот се променливи, динамични, асиметрични и комплексни безбедносни појави кои, истакна Тасевски, ги надминуваат можностите за ефикасен одговор и заштита од само една држава или една институција. Токму затоа, порача тој, сите ние сме отворени и убедени во предностите од регионалната и меѓународната соработка во борбата против сериозниот и организираниот криминал.

    Според него, интензитетот на меѓународната соработка во спроведувањето на законот значително е зајакнат во последните неколку години, неколку форми на полициска соработка опстојуваат подолго време, а потребата за полициска соработка значително е зголемена со економскиот и социјалниот напредок.

    -За жал, речиси сите фактори кои се придружуваат кон растечкиот напредок – урбанизација, брз транспорт, подобрени комуникации, развој и интегрирање на меѓународен пазар – придонесуваат и кон зголемување на меѓународниот криминал. Овие фактори помогнаа во зголемување на мобилноста на криминалците, транспортирање илегални супстанци и организирање комплексни заговори, како и нови можности за кражба, измама и искористување на приходите од криминал, но и развој на меѓународен криминал, рече директорот на БЈБ.

    Тасевски беше дециден дека гарантирањето на безбедноста и сигурноста на нашите граѓани отсекогаш била и ќе остане приоритет за сите нас.

    -Предизвиците се исти, се менуваат само начините како ќе се справуваме со нив. Илегалната миграција, организираниот криминал, трговијата со оружје, дрога, трговијата со луѓе, борбата против корупцијата се на врвот на агендите на институциите со кои раководиме, рече директорот на БЈБ.

    Основа за сè понатаму, и во нашата борба против криминалот, и во меѓусебните односи и заедничкото функционирање, истакна Тасевски, била и ќе остане способноста да се соработува на еднакво ниво, со заеднички цели, донесени од сите нас во процес на заедничко дефинирање.

    Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во рамки на своите надлежности, остварува полициска соработка со службите за спроведување на законот во регионот на Западен Балкан и пошироко, преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка.

    Република Македонија во 1993 година стана полноправен член на Интерпол, дел сме од Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа, од 2006 година започнавме активности за воспоставување договорни односи со Европол, а подоцна го потпишавме и Договорот за оперативна и стратешка соработка.

    -Учествуваме и во координирање и спроведување на активности со странски криминалистички полициски служби и меѓународни организации во борбата против организираниот криминал, тероризмот и другите видови сериозен криминал. Разменуваме информации кои ги добиваме од националните единици со странските надлежни органи и активно учествуваме во подигнување на свеста кај националните единици со цел подобрување на меѓународната размена на информации, информира Тасевски.

    Од формално-правен аспект постојат сите предуслови за непречена соработка и споделување на информации, но во пракса, нагласи директорот на БЈБ, често пати се соочуваме со пречки од различен карактер, кои влијаат за брзо и непосредно разменување на информации, а во интерес на справување со закани кои ги засегаат интересите не само на Република Северна Македонија, туку и на регионот, но и пошироко.

    -За да бидеме успешни и ефикасни во таа борба мора постојано да се работи на градење на мерки за доверба, бидејќи сите работиме и придонесуваме за иста цел, побезбедно општество за нашите граѓани. Се надевам дека оваа конференција ќе биде почеток на тоа наше заемно дејствување и работа и дека ќе покажеме уште еднаш дека регионот на Западен Балкан е дел од решението, а не и од проблемот, рече директорот на БЈБ.

    Заблагодарувајќи им за присуството, дотолку повеќе што првпат во поновата историја, како што рече Тасевски, ќе ни биде чест да ви посакаме добредојде и на прославата на Денот на полиција на Република Македонија, тој упати благодарност и до колегите и воопшто на Проектот Борба против сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019 кои го помогнаа одржувањето на оваа конференција пред сè за нивната флексибилност и отвореност за соработка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img