More

    ТАВ Македонија ќе врши рехабилитација на пистата на Меѓународниот зеродром Скопје

    spot_img

    ТАВ Македонија како дел од инвестицискиот план за проширување и реновирање на македонските аеродроми, почнувајќи од 28 март до 16 мај годинава, во период од 50 дена, ќе врши рехабилитација на пистата на Меѓународниот aеродром Скопје. Авиосообраќајот во текот на овој период ќе се одвива од 17 часот попладне, до 9 часот наутро, секој ден.

    Од ТАВ Македонија информираа дека планирани во консултација со сите чинители и засегнати страни, градежните работи за рехабилитацијата, ќе се изведуваат без затворање на аеродромот и со минимално влијание врз авиосообраќајот.

    – Рехабилитацијата на пистата значи дека практично ќе го обновиме горниот слој на асфалтот на пистата, па затоа, во текот на овој период, меѓу 9 и 17 часот, од 28 март до 16 мај, 2022 година, на пистата ќе се изведуваат градежни работи. Секој ден, во споменатиот временски период, ќе се рехабилитира еден дел од вкупната должина на полетно-слетната патека, со цел аеродромот да остане оперативен, односно, да можеме нормално да ги опслужуваме летовите во текот на останатиот период од денот, од 17 до 9 часот – вели во пишана изјава генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

    Како што нагласува Батак, скопскиот аеродром нема да биде затворен за време на рехабилитацијата на пистата, односно ќе биде отворен за патници 24/7, како и секогаш.

    – Како и во текот на целиот период за време на ковид-пандемијата, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродром 3-4 часа пред закажаното време на заминување на нивниот лет, подготвени со потребните документи за патување во однос на ковид, во консултација со авиокомпанијата со која патуваат и со амбасадата на странската земја каде што ќе патуваат – посочува Батак.

    Тој објаснува дека ТАВ Македонија ја има донесено одлуката за рехабилитација на пистата на скопскиот аеродром во консултација со сите авиокомпании што летаат од скопскиот аеродром, како и со Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ, како и со сите даватели на услуги.

    – Целта на ТАВ е градежните работи за рехабилитација да се завршат со минимално влијание врз авиосообраќајот – истакнуваат од компанијата.

    Пистата на Меѓународниот аеродром Скопје е долга 2.950 метри и е широка 45 метри. Последната реконструкција на пистата на скопскиот аеродром е направена во 1996 година, кога градежните работи се изведувале во поголема длабочина на асфалтот за разлика од сега, кога само горниот, површински слој од асфалтот ќе се рехабилитира. Тогаш, аеродромот бил затворен 2,5 месеци, а целокупниот сообраќај бил префрлен на охридскиот аеродром.

    ТАВ Македонија ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите ажурирања за летовите за нивната сакана дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје во периодот од 28 март до 16 мај 2022 година.

    На веб страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во секцијата „летови” (Пристигнувања/Заминувања) редовно и во реално време се ажурираат сите информации и евентуалните промени во редот на летање на авиокомпаниите, како што ТАВ Македонија ги добива.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img