More

    Судот од Лозана ја одби жалбата на Русија

    spot_img

    Судот за спортска арбитража (CAS) со седиште во Лозана ја отфрли денеска жалбата на Руската фудбалска федерацијаа на одлуката на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) да ја исклучи од дополнителните квалификации за пласман на Светското првенство 2022 во Катар, поради инвазијата на Украина.

    Русите кон крајот на овој месец требаше да ги пречекаат Полјаците во Санкт Петерсбург, но ФИФА ги дисквалификуваше и со тоа Полска директно се пласираше во финалниот бараж во кој за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Шведска и Чешка.
    Судот во Лозана претходно во вторникот ја потврди и одлуката на Европската фудбалска федерација (УЕФА) за забрана за настап на руските екипи во европските купови.

    Дел од западните агенции, сепак, вечерва јавија дека одлуките на Судот во Лозана сè уште не се правосилни, бидејќи некои постапки сè уште се во процедура, а CAS не ги објави датумите за рочиштата.

    – Оспорената одлука на ФИФА останува на сила и сите руски репрезентации и клубови и натаму се суспендирани од учества во натпреварувањата во организација на ФИФА. Арбитражната постапка продолжува. Во моментов се конституира судскиот совет и странките разменуваат писмени поднесоци, се наведува во соопштението на CAS.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img