More

    Судот во Стразбур одлучи да го одложи разгледувањето на обвиненијата

    spot_img

    Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) вечерва соопшти дека одлучил да го прекине испитувањето на сите обвиненија против Русија додека не ги разгледа правните последици врз неговата работа порди исклучувањето на земјата од Советот на Европа.

    Судот со седиште во Стразбур ја донесе одлуката откако Комитетот на министри на Советот на Европа рано денеска ја исклучи Русија од членството на таа водечка европска организација за заштита на човековите права, поради агресијата врз Украина.

    Европскиот суд за човекови права е формиран во 1959 година од страна на земјите-членки на Советот на Европа за да се занимава со наводите за кршење на Европската конвенција за човекови права од 1950 година. Комитетот на министри на Советот на Европа утринава на вонредна седница одлучи Русија веднаш да престане да биде членка, по 26 години во таа организација.

    Полските обвинители собраа повеќе од 300 изјави на сведоци како дел од истрагата за наводните воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, изјави полскиот министер за правда.

    – Веќе се собрани повеќе од 300 сведоштва и изјави на сведоци, кои опишуваат конкретни злосторства и злосторства што се случија во врска со рускиот напад врз Украина – рече Збигњев Зиобро, државен обвинител на Полска, за време на заедничката прес-конференција со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан.

    Кан ја посети Украина денеска, каде што одржа видео-конференција со претседателот на земјата, Володимир Зеленски, соопшти неговиот кабинет.

    МКС започна официјална истрага за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина која е нападната од Русија на 24 февруари.

    Ниту Русија, ниту Украина не се членки на МКС, а Москва не го признава судот, основан во Хаг во 2002 година.

    Меѓународниот суд на правдата (МСП) денеска и нареди на Русија веднаш да ја прекине воената операција во Украина.

    – Руската Федерација веднаш да ги прекине воените операции кои започнаа на 24 февруари 2022 година на територијата на Украина – соопштија судиите.

    Тие додадоа дека Русија исто така мора да се погрижи другите сили под нејзина контрола или оние поддржани од Москва да не ја продолжат воената операција.

    Судот изрази „длабока“ загриженост поради руската употреба на сила во Украина.

    – Судот е свесен за размерите на човечката трагедија во Украина … Судот е длабоко загрижен за употребата на сила од страна на Руската Федерација во Украина, што покренува многу сериозни прашања за меѓународното право – рече претседавачкиот судија Џоан Доногју.

    Постапката пред МСП беше иницирана од Украина во февруари, барајќи од судот да и нареди на Москва да ја запре инвазијата.

    Русија го бојкотираше сослушувањето одржано пред десетина дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img