More

    Судот во Велес на денешното рочиште ја ослободи од обвинение 23-годишната велешанка Павлинка Илоска

    spot_img

    Судот во Велес на денешното рочиште ја ослободи од обвинение 23-годишната велешанка Павлинка Илоска.

    Велешанката се теретеше за убиство во миг за случајот во кој додека била физички и вербално малтретирана од својот партнер, во миг на самоодбрана му нанела фатална рана со нож и го убила.

    Како што наведе судијката, трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.

    Илоска пред судијката која ја води постапката вчера кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

    Претходно, во одбрана на Илоска застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет за човекови права, кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство во миг кое предвидува затворска казна од една до пет години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img