More

    Студентите да го продолжат правото за стипендии

    spot_img

    Студентите од втора и повисоки години на студии од денеска до 30 октомври може да го продолжат правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години доколку ги исполнуваат договорните услови.

    Во наведениот рок корисникот на стипендија треба да ги достави потребните документи до Министерството за образование и наука – Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, Уверение за положени испити со успех од претходните години.

    Треба да поднесе и УППИ-образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80 отсто односно 90 отсто (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

    Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk

    За информација или прашање во врска со остварувањето на правото на стипендија студентите може да се обратат на мејлот: studentski.stipendii@mon.gov.mk.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img