More

    СТРУЈА ЗА 290.000 ДОМАЌИНСТВА

    spot_img

    Крива Паланка заедно со соседните општини Ранковце и Старо Нагоричане го добива најголемиот капацитет за производство на електрична енергија од обновливи извори од ветерниот парк „Вирови“ инвестиција вредна над 500 милиони евра. Овој капацитет со струја ќе снабдува 290.000 домаќинства и ќе има сериозен удел во градењето на енергетската независност која е многу важна особено во ваква глобална енергетска криза“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина во Крива Паланка.

    Тој додаде дека неговата партија, како многу пати низ историјата, ја има одговорноста да функционира во тешки времиња, во период на глобални кризи.

    – Не избегавме од предизвиците туку се посветивме на нивно решавање за да не страда народот, да не трпат компаниите. Ја субвениционираме струјата за домаќинствата за дури 80% како и за 72.000 компании кои што вработуваат 98% од вработените во државата. Ако не е таа субвенција од Владата, сметките кои ќе ги добиваат граѓаните би биле 5 пати повисоки – изјави Ковачевски.

    Премиерот додаде дека со последната мерка на Владата ќе се субвенционира и цената на струјата на прехранбената индустрија, што ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи и до 10 отсто, бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат.
    Мојата визија е заедно со вас, да изградам економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната трибина Силно и одлично кон иднината во Крива Паланка.

    – Тоа е концетот за Европска Македонија. Полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и македонски идентитет со сите обележја, како горди Македонци да бидеме во ЕУ, седнати на големата маса во Брисел, рамноправни и побогати од денеска.
    Знам дека патот кон ЕУ нема да биде лесен, но на крајот од тој пат е големата награда. Со крената глава, горди и достоинствени да бидеме дел од Европската унија, македонските деца дома да ја градат иднината а нашиот народ, сите наши граѓани, да бидат сигурни и со подобар животен стандард – рече Ковачевски.

    Претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски порача дека на редовните избори во 2024 година СДСМ ќе биде победничка коалиција и повика на обедување околу европскиот концепт.

    – Јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме. Ќе успееме заедно и во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за Европска Македонија. Ми треба вашата поддршка, за да водам напред, за заедно да бидеме со граѓаните да работиме за граѓаните. Да продолжиме силно и одлучно! – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img