More

    Странци со две возила залутале во Мариовско

    spot_img

    Доцна попладнево екипи на Центарот за управување со кризи успешно реализираа акција на спасување изгубени семејства, од странство во два автомобила, коишто заедно со 4 дечиња залутале во нашата држава и заглавиле со возилата заради лошите временски и патни услови во планина.

    – Семејствта со возилата  залутале, а потоа и заглавиле на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон- информираат од ЦУК.

    Едното возило  е од Литванија.  Дозвете вила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго.

    -По неколку часа теренско возење искусниот тим на МВР ги пронајде возилата 19.15 часот и се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена сосотојба – информираат од ЦУК.

    Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img