More

    Странските медиуми се повлекуваат од Русија

    spot_img

    Меѓународни радиодифузери и медиуми ја прекинаа работата во Русија, по одлуката на рускиот Парламент да го ограничи известувањето за вестите за инвазијата на земјата на Украина.

    Германските јавни радиодифузери АРД и ЗДФ објавија дека засега го прекинуваат покривањето од нивните московски студија, но „ќе продолжат да ја информираат јавноста за настаните во Русија и Украина од нивните други локации“.

    Голем број западни медиумски организации ги прекинаа своите активности во Русија по репресијата на Москва врз странските медиуми.

    Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша нов закон кој ќе значи високи парични казни и до 15 години затвор за ширење лажни информации за вооружените сили на земјата.

    ТикTок ќе прекине голем дел од својата услуга во Русија.

    – Немаме друг избор освен да го прекинеме преносот во живо и новите содржини на нашата видео услуга додека ги разгледуваме безбедносните импликации на овој закон – објави компанијата.

    Си-Ен-Ен ќе престане да емитува програма во Русија.

    – Ќе престанеме да емитуваме додека продолжуваме да ја оценуваме ситуацијата и нашите следни чекори напред – изјавија од американската телевизија за ДПА.

    Законот конкретно го казнува ширењето на наводни лажни информации за руски војници, дискредитирањето на руските вооружени сили, како и повиците за санкции кон Русија.

    Москва официјално ја нарекува инвазијата на Украина „воена операција“ и веќе им забрани на медиумите да користат термини како „напад“ или „инвазија“.

    Би-Би-Си во петокот објави дека планира да ја запре работата на своите новинари во Русија. Во неделата, портпаролот на радиодифузерот потврди дека нејзината меѓународна програма на BBC World News, која се емитува во многу земји надвор од Британија, е блокирана во Русија од саботата.

    Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ), финансирана од САД, во саботата соопшти дека ќе ја прекине работата во Русија.

    Телевизијата како причини ги наведе стечајните постапки иницирани од руските даночни власти против руската филијала на РСЕ, зголемениот полициски притисок врз нејзините новинари и новиот закон за медиуми во Русија. РСЕ има физичко присуство во Русија од 1991 година.

    Други европски медиуми, вклучително и шпанската државна новинска агенција ЕФЕ, весникот Ел Паис и радиодифузерот РТВЕ, како и италијанскиот радиодифузер Раи, исто така ги прекинаа своите активности во Русија.

    Британија: Русија се обидува да го намали пристапот до вести на граѓаните во Украина

    Русија најверојатно ги цели телевизиските кули во Украина, со цел да го спречи пристапот до вести на локалното население, соопшти британското Министерство за одбрана, јави ДПА.

    – Русија најверојатно ја цели украинската комуникациска инфраструктура, со цел да го намали пристапот на украинските граѓани до веродостојни вести и информации – информираше денеска Министерството.

    Според официјални лица во Украина, телевизиската кула во источниот украински град Харков, беше уништена при руски напад во текот на вчерашниот ден. Најмалку пет лица загинале во сомнителен ракетен напад врз ТВ кулата во Киев во вторникот.

    Пристапот до интернет за Украинците, многу веројатно, исто така, е нарушен, како резултат на колатералната штета од руските удари врз инфраструктурата. Изминатата недела, прекини на интернетот се пријавени во Мариупол, Суми, Киев и во Харков, соопшти британското Министерство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img