More

    Стојаноска распали по спикерот, а тој возврати со поговорка

    spot_img

    Ако сакаме да ја споредиме работата на претседателот на Собранието, тоа е една чаша со пиво кога ќе се преполни и ќе почне да претекува, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на седницата за интерпелација на собранискиот спикер Талат Џафери.

    – Џафери се изживуваше со сите пратеници од опозицијата. За мене со потсмев им велеше на своите обожаватели да ме видат. Како да сме на излет во некоја планина или, пак, забавувачка во некое кабаре. Да го прогласиме Џафери за женомразач – истакна Стојаноска.

    Свое излагање имаше и Џафери, кој на македонски јазик од собраниската говорница искажа поговорка.

    – Да се погледне во огледало секој што ќе стане да го оптужува другиот и пред да го направи тоа, самиот да се преиспита што е што во нештата, кога ќе се спорат фактите и аргументите. Кога ме потсетувате на работите, потсетете се и самите како и што се постапиле. Зошто Антонио Милошовски е прв потписник на интерпелацијата, а е 27-ми пријавен за збор? Оти знае дека до полноќ нема да дојде на ред – рече Џафери.

    Прво излагање имаше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој пак обвини дека Собранието е претворено во машина за гласање со дозвола на Џафери, како и дека спикерот континуирано го прекршувал Деловникот.

    – Колку и да имате направено добри работи, што не е спорно дека се направени, верувајте, со овие активности кои ги преземате, а тоа е спречување на опозицијата во дискусии, со злоупотреба на европското знаменце, со злоупотребата на скратените постапки, Деловникот, вие имате сторено огромна повреда на Собранието. Очекувам сите пратеници кои потајно коментираат, вечерва до полноќ да гласаат за интерпелацијата – рече Мицевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img