More

    Стотици илјади раселени во Бангладеш поради поплавите

    spot_img

    Бангладеш распореди војници во северните и североисточните делови на земјата за да им помогне на луѓето отсечени од светот поради обилните монсунски дождови и да ги евакуираат најзагрозените.

    Армијата на Бангладеш соопшти дека нејзините членови биле распоредени додека поплавите ги опустошиле североисточните региони Сунамгањ и Силхет. Стотици илјади луѓе останаа без струја, а илјадници домови беа поплавени.

    Најмалку девет лица загинаа вчера по удар на гром, јави локалната новинска агенција United News.

    Метеоролозите предупредија на нови можни поплави во земјата, која има 130 реки, бидејќи нивото на водата продолжува да расте. Во следните 24 часа се очекува влошување на состојбата во веќе погодените региони.

    Бангладеш, земја со 160 милиони жители, често е погодена од природни катастрофи како што се поплави и циклони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img