More

    Стокхолм не потклeкнува на уцени како таму некои…

    spot_img

    Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска изјави дека Турција, која од мај го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО, има барања кои Стокхолм не може и не сака да ги исполни.

    – Турција, исто така, потврдува дека го направивме она што рековме дека ќе го направиме, но тие исто така велат дека сакаат работи што не можеме и не сакаме да им ги дадеме. Убедени сме дека Турција ќе донесе одлука, само не знаеме кога – изјави Кристерсон на Конференцијата за одбрана и безбедност на која присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

    Кон крајот на декември шведскиот Врховен суд одби да го екстрадира новинарот Булент Кенес во Турција, на барање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Врховниот суд на Шведска тогаш објави дека има „пречки за екстрадиција бидејќи се работи за така наречени политички злосторства, односно злосторства насочени против државата и од политичка природа”.

    Шефот на финската дипломатија Пека Хависто на маргините на денешната Конференција повтори дека неговата земја ќе стане членка во НАТО во исто време со Шведска.

    – На Финска не ѝ се брза да се приклучи на НАТО, за да не може да чека Шведска да добие зелено светло – посочи Хависто.

    Само турскиот и унгарскиот парламент го немаат ратификуван договорот за членство на Шведска и на Финска во НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img