More

    Стоиљковиќ тврди дека името на МПЦ е дефинитивно загубено

    spot_img

    Иван Стоиљковиќ, лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), во изјавата за белградскиот весник „Новости“, вели дека одлуката на патријархот Вартоломеј предивикала двојни реакции.

    – Едни слават бидејќи во одлуката на цариградскиот синод гледаат клучен чекор кон добивање на автокефалност. Од друга страна, со внимателно читање на  одлуката на Фанарот јасно произлегува дека можноста црквата во Македонија да го сочува сегашното име е дефинитивно отфрлена. Многумина очекуваа томос за црковна незавиност, но тоа исто така го нема. Наместо тоа, патријархот Вартоломеј ја упатува сегашната непризнаена МПЦ административните проблеми да ги решава со „мајката црква“, односно со Српската патријаршија – вели Стоиљковиќ.

    „Новости“ пишуваат дека Стоиљковиќ потсетува дека и натаму останува отворено прашањето на регистрацијата на Православната охридска архиепископија која дејствува во канонско единство во СПЦ и дека и натаму постои кршење на правата на српскиот народ во Северна Македонија.

    – Toа e важно прашање, но со години нема ниту мал напредок во решавање на овој проблем – исктакна пратеникот Иван Стоиљковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img