More

    Стоилковски: Директор од СДСМ бил среќен добитник на хидроцентралата

    spot_img

    Директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ од Неготино, преку неговата семејна фирма ХЕМ Алијанс чиј сопственик е неговиот татко, а управител неговата сопруга, во нетранспарентна постапка за јавна набавка, со низа пропусти и недоследности, успеал да добие тендер за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар, преку јавно приватно партнерство со ЈП Комуналец Неготино, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

    – Тендер на ЈП Комуналец, чијашто директорка е Марина Бојаџиева, бил распишан и објавен на првиот ден од изборната кампања за локалните избори 2021 година, односно на 27.09.2021 година, што е во спротивност со Изборниот законик кој децидно вели дека за време на кампања забрането е објавување на тендери од страна на јавни институции. Небојша Стојановиќ, користејќи го моментот кога целото внимание на јавноста е насочено кон изборите, од позиција на директор на ТЕЦ Неготино и висок функционер на СДСМ, веројатно се потпрел на своето партиско и политичко влијание за објавување на тендер во своја полза. И на тој тендер е и единствен понудувач – вели Стоилковски

    Тој даде и дека директорката на ЈП Комуналец од Неготино Марина Бојаџиева, иако била пристигната само една понуда на овој тендер, не го искористила своето законско право да го поништи тендерот. Среќниот добитник за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар е директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img