More

    Стоилковски: Владата мора да го провери својот чекор кај народот

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ денеска повика владата да не се плаши од народот и да не бега од референдум.

    Портпаролот на партијата Наум Стоилковски денеска на прес конференција рече ако Влада навистина смета дека навистина постигнала историски успех нема зошто да се крие од народот.

    – Доколку владата на ДУИ/СДСМ сметаат дека постигнале нешто големо, нека излезат на референдум пред народот. Нема потреба од забави во 15 градови, доволно е да се прифати собирање потписи за иницијатива за референдум. Само народот е суверен во секоја држава, дури и во Македонија. Тој мора да може да каже дали е ова историски успех или историски чин на предавство, асимилација и бугаризација на Македонија – рече тој.

    Според Стоилковски, Владата мора да го провери овој чекор пред народот.

    – ДУИ/СДСМ мора да проверат дали се во право тие, или оние интелектуалци и општествени дејци коишто, за жал власта ги нарекува „хистерични“ – рече Стоилковски.

    Според него, Владата прифати документ којшто не носи европска иднина, туку асимилација, само со една цел фотографирање во Брисел и нова лага за купување ден повеќе на власт.

    – Јасно е, прифатеното од ДУИ/СДСМ носи само до два порази- или бесконечни преговори, или асимилација по бугарски терк. За Македонија мора да важат исклучиво Копенхашките критериуми, Македонија не смее да биде експеримент, туку за неа, по 17 години чекање мора да важат истите правила коишто важеле за сите други земји- членки на унијата.Ковачевски, Османи и Маричиќ да не тераат инает на народот кој над 73% е против ваквиот предлог, да не тераат инает со странски и домашни експерти и уште пострашно, да ги нарекуваат хистерични. Доколку не сметаат дека чинот е предавство, нека излезат на референдум – повтори тој.

    Стоилковски го повтори ставот на партијата дека нема да поддржи измени на Уставот бидејќи ако се случи спротивното, како што рече, Ковачевски ќе  почне со асимилација во замена за лична власт што пак е уцена пред Македонија спротивна на европските вредности и принципи.

    -Овој процес е штетен и опасен за Македонија. И мора да биде ставен пред народот. Власта затворена во својата одлепеност, ако смета дека направила успех, нека не се плаши и бега од народот на референдум. Волјата на народот е суштината на демократијата и затоа треба да е конечна – рече Стоилковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img